Четири лица се осомничени за два напада на полицијата во градот Астрахан на југот на Русија. Тие се убиени во потерата, неколку часа по вториот напад, сооптува националната гарда.
Напаѓачите убиле двајца полицајци, а во тешка состоја се уште двајца.
На тројца војници од Националната гарда пукано е од возило во движење. Еден од напаѓачите е убиен на самото место.
„Еден од осомничените за убиство на полицајците во Астрахан е убиен во текот на нападот на припадниците на Националната гарда, а другиот им подлегна на повредите дбиени во грбот.Пронајдени и елиминирани се и другите двајца напаѓачи. Сите биле барани поради убиства на полицајци. Нема жртви меѓу припадниците на Националната гарда“, изјавил припадник на Националната гарда.
BREAKING: All suspects in twin attacks on police in Russia’s #Astrakhan killed in special op – Nat. Guard https://t.co/Ss54WJEz39 pic.twitter.com/uDu5hHi3bN
— RT (@RT_com) April 6, 2017
На припадниците на гардата било пукано кога се обиделе да запрат автомобил за проверка на документи. Троцја полицајци се ранети и се одведени во болница.
Според некои претходни извештаи, уште во вторникот, на 4 април, вооружени луѓе убиел двајца сообраќајни полицајци кои дошле да извршат увод на местото на сообраќајна незгода.
#Russie: deux #policiers tués par des '#islamistes' dans le sud
– VIDEO https://t.co/oWrcA2Ofml #socialmedia #hrw #Astrakhan pic.twitter.com/v3OvMyL5yd— AzVision FR (@FrVision) April 4, 2017
Гувернерот на Астрахау уште во вторникот рекол дека постои сомнеж напаѓачите да се дел од група исламски екстремисти, но истражителите не ја потврдиле оваа информација.
Овие напади се случуваат додека е на сила предупредувањето од тероризам во Русија по експлозијата во метрото во Санкт Петербург, во која 14 луѓе беа убиени, а околу 50 ранети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.