Македонија се ослободува и национално и свесно се сплотува против се’ што е извалкано, криминогено, неправедно кон нас граѓаните без разлика од каде доаѓа тоа, рекоа вечерва граѓаните кои учествуваа на мирниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Струмица.
Попладнево тие се собраа пред споменикот на „Гоце Делечев“ на градскиот плоштад во Струмица за да го изразат својот револт од актуелните политички сосотјби, според нив, предизвикани од работата на СДСМ.
– Овде народот одлучува, Македонија одлучува, а не поедини уценети политичари кои со механизам и на сомнителен начин ќе ја зароби волјата на народот, дали преку бројката на пратеници од неговата партија преку меници или не знам уште што, или преку пратеници во својот ред, кои се чувствуваат должни на нивниот лидер за се да бидат послушни кон него и покрај нивното негодување. Нема да помине тоа веќе во иднина, рече Јане Ангелов.
Учесниците на маршот се движеа низ централното градско подрачје изразувајќи го своето несогласување со т.н „тиранска платформа“, барајќи зачувување на унитарноста и сувереноста на Македонија, зачувување на нејзиниот идентитет, име, химна и знаме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.