| четврток, 6 декември 2018 |

ПОДЕМ го поддржа „Манифестот“: Ваков долгорочен документ претставува зачувување на унитарниот карактер на државата

Podem

ПОДЕМ го поддржува „Манифестот за единствена Република Македонија“, документ осмислен за излез од политичката криза во која се наоѓа земјата. Претседателот на партијата, Драган Јанкуловски смета дека манифестот ќе овозможи стабилност и предвидливост на политичкиот систем.

– Манифестот за единствена Република Македонија претставува основа за излезно решение од политичката криза во која се наоѓа нашата земја. Партијата на обединети демократи на Македонија, ПОДЕМ, смета дека еден ваков долгорочен документ претставува стратегија која ќе овозможи стабилност и предвидливост на политичкиот систем на Република Македонија, но истовремено и зачувување на унитарниот карактер на државата и обединување околу клучните национални и државни интереси, изјави Јанкуловски.

Тој смета дека овој документ е во духот на нашето мултиетничко и мултикултурно општество, а осовено значајно смета дека е тоа што вој документ обезбедува зачувување и промоција на националниот, културниот и јазичниот идендитет на Македонија и Македонците во земјата и надвор.

– Ваквиот манифест воопшто не е еднонационален, туку напротив, е во духот на нашето мултиетничко и мултикултурно општество, со што има за цел да овозможи зацврстување на идентитетот и посебностите, подеднакво за сите наши граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други. Особено значајно е што овој документ обезбедува зачувување и промоција на националниот, културниот и јазичниот идендитет на Македонија и Македонците во земјата и надвор,кој во послендиот период се наоѓа во континуиран атак на негација и омаловажување. ПОДЕМ смета дека една од круциалните точки кои треба под итно да се спроведат е пописот на населението, со што навистина ќе се затворат секојдневните теми и манипулации од сите страни, изјави Јанкуловски.

Тој повика секој политички субјект да даде поддршка за Манифестот.

– ПОДЕМ го поздравува моментот за одржување на историската врска со македонската дијаспора и воедно денеска покренуваме иницијатива во следниот состав на владата на Република Македонија, да се избере министер за прашања поврзани и кои се однесуваат на македонската дијаспора. ПОДЕМ како политички субјект на Македонската политичка сцена, ја дава целосната поддршка на манифестот за единствена Македонија и истовремено ги повикуцаме сите останати политички субјекти здруженија на граѓани и останати чинители во нашата Македонија кои државата ја гледаат како унитарна, политички стабилна, праведна, напредна и пазарно ориентирана држава која е дел од европското семејство, да го прифатат овој значаен документ и да придонесат за неговота надградба и целосна реализација, смета Јанкуловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top