| четврток, 6 декември 2018 |

Милошоски до СДСМ: Нека не ве лаже паметот да правите чекори кои што ќе ги зголемат тензиите во Собранието

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на колегите од СДСМ им посочи да не помислуваат да креираат инциденти во Собранието знаејќи дека и онака атмосферата, како што рече, е тензична.

-Нека не ве лаже паметот да правите чекори кои што ќе ги зголемат тензиите во Собранието, рече Милошоски.

Тој исто така нагласи дека освен Движењето Беса која што има регистрирано пратеничка група, моментално ниту една партија нема поднесено барање за формирање пратенички групи и оттука како што може СДСМ да бара цело време процедурални забелешки за една иста тема така можат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top