| четврток, 6 декември 2018 |

Јаго Аспас останува во Селта и во следните пет години

jago aspas

Напаѓачот на Селта од Виго, Јаго Аспас го продолжи договорот со екипата од Галиција на нови пет години. Тој ќе остане до 2022 година во клубот од северна Шпанија, а оваа сезона постигна 21 гол на 38 натпревари.

– Многу сум среќен во Виго и мило ми е за новиот договор. Се надевам дека ова е почеток на многу успеси во иднина. За мене е голема чест да играм во Селта. Сонот ми беше да останам тука, па затоа не разгледав понуди од други екипи – изјави 29-годишниот фудбалер.

Аспас ја започна својата фудбалска кариера во Селта, а заигра и во Ливерпул и Севиља, но на крај повторно се врати во својот матичен клуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top