Поп-пејачката Емина Јаховиќ вчера објави фотографија на својот инстаграм-профил на снимена во авион.
-Правец во Њујорк – напиша Емина во описот на фотографијата.
-Всушност, Њујорк ни е попатна станица. Мустафа, момчињата и јас одиме во Доминикана. Мојот сопруг и јас ќе бидеме дел од жирито во ’Преживеан’, во рамките на кој е направено шоуто ‘The Voice’. Ги зедовме и децата затоа што го следат ’Преживеан’. Ќе бидеме таму четири дена, па потоа одиме во Мајами на кратка пауза. Штом ќе се вратам во Европа, патувам за Лондон и за Париз поради состаноците за козметиката. Можам да најавам дека налето ќе излезат новите парфеми и цела линија за нега на телото, а и нешто мегаспектакуларно кон крајот на годината- открива Емина, порачувајќи им на обожавателите дека не ја занемарува ни музичката кариера.
-На големо го подготвувам новиот албум кој ќе излезе во почеток на летото. Сите песни ги работам сама, а аранжманите Дарко Димитров, кој скоро престојуваше во Истанбул. Албумот е нешто сосема ново.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кој е турскиот милијардер, новото момче на Емина Јаховиќ: Еве на што падна пејачката!
-
Алармантно ослабната: Емина во тешка депресија по разводот (ФОТО)
-
Еве како изгледаше Емина Јаховиќ пред пластичните операции
-
Минува низ најтешките моменти: После објавата за развод, потегот на Мустафа ги растажи сите!