„Смит и Весон“ (Smith&Wesson) погодија директно во целта со промовирањето на компактниот автоматски пиштол, „бодигард 380“.
„Бодигард 380“ веднаш стана хит меѓу тие што бараат сенаменски пиштол како тајно или резервно оружје. Вградениот ласер сè уште е одлична карактеристика поради ласерскиот модул, кој се вклучува директно од самата рамка. Тоа што дотогаш беше дополнителна опрема, во „бодигард 380“ стана стандардна и е вклучена во самата цена на пиштолот. Овој пиштол значително ја подобрува видливоста во услови на слаба светлина и непогодни позиции за пукање, а им помага и на тие стрелци со ослабен вид бидејќи им овозможува да се сосредоточат на целта место на центрирање и на нишанење. Ако имате добра контрола врз петлето, куршумот ќе ја погоди целта во која нишанел ласерот (под претпоставка дека пиштолот е соодветно нивелиран).
Годинава, „Смит и Весон“ за првпат ја промовираа „Ем енд Пи“ верзијата на „бодигард 380“ без ласер. Со тоа падна и цената – производителот предлага цена од 379 американски долари.
„Смит енд весон Ем енд Пи бодигард 380“ (Smith&Wesson M&P Bodyguard 380) има усовршен лизгач, кој е отпорен на кородирање, со добропознатите засеци во форма на рибини лушпи на задниот дел, слично како и кај други модели од линијата „Ем енд Пи“. Новиот „бодигард 380“ има стандардна цевка од 7 сантиметри и вкупна должина од 13,3 сантиметри, а кога е испразнет тежи околу 336 грама. При испорака на пиштолот, добивате и два шаржера за по шест куршуми.
(Текст објавен во 110. број на неделникот Република, 10.10.2014)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.