| четврток, 6 декември 2018 |

„Апокалиптика“-универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања

„Апокалиптика“ (Apocalyptica) синоќа настапи во Скопје, во рамките на нивната можеби најатрактивна турнеја, со наслов „Plays Metallica by four cellos“.

Добравечер Скопје! Славиме 20 години од албумот „Plays Metallica By Four Cellos”, па така вечерва ќе свириме само „Металика“. Ќе биде тоа инструментална верзија, а вие вечерва ќе пеете!“ – беше воведниот поздрав на фронтменот Еика.

17424685_688409474691257_6381356656305160660_n

Концертот започна со звуците на „Enter Sandman“ на бината беа само четворицата челисти кои со звуците и хармонијата на музиката од виолончелата публиката ја потсетија на хитовите „Obey your master”, „Master of Puppets”, „Harvester of Sorrow“

-Многу сме возбудени што доаѓаме повторно во Скопје, рекоа членовите на бендот.

Апокалиптика-740x364

Во вториот дел, пак, четворицата виртуози на бината се вратија со нивниот тапанар Мико Сирен и започна експлозивниот дел во кој следуваа песните „Fight Fire with Fire“ „Until it Sleeps”, а за песната „Orion”, Топинен кажа дека тоа била првата песна која ја слушнал од Металика и од тогаш се заљубил во овој култен бенд.

Спојувајќи ја класничната музика со хеви метал, Апокалиптика (Apocalyptica) стекна светска слава и привлече огромно внимание кај фановите и медиумите. Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Металика (Metallica), момците од Апокалиптика (Apocalyptica) докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот.

Во чест на 20 годишнината од излегувањето на деби албумот „Plays Metallica By Four Cellos“, финските челисти објавија и албум во кој се вклучени и досега необјавени верзии од легендарните хитови на Metallica- „Battery“, „Nothing else matters“ и „Seek and Destroy“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top