Италијанскиот кошаркар Алесандро Џентиле пронајде нов клуб, откако неодамна се раздели со Панатинаикос. Поранешниот капитен на Емпорио Армани не успеа да се снајде во редовите на „детелинките“, а сега до крајот на сезоната ќе игра во составот на израелскиот клуб Хапоел Ерусалим. Овој клуб е под раководство на италијанскиот стратег Симоне Пјаниџани.
Џентиле и Пјаниџани соработуваа во репрезентацијата на Италија, а сега Џентиле ќе го засили составот во кој играат и Амаре Стадемаер, Лиор Елијаху, Јотам Халперин, Теренс Кинзи и Шон Џејмс. Во моментот, Хапоел Ерусалим се наоѓа на петтото место во израелскиот шампионат со ефект од 13 победи и дури 11 порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.