| четврток, 6 декември 2018 |

Легендарниот Фелипе Рејес е првиот кошаркар во Шпанија со 500 победи

felipe rejes

Легендата на Реал Мадрид, Фелипе Рејес, на вчерашниот натпревар против Фуеланбрада стана првиот кошаркар кој стигнал до 500 победи во АЦБ лигата. 37-годишниот Рејес во „кралскиот тим“ настапува од 2004 година.

Покрај поставениот рекорд Фелипе Рејес го израмни рекордот на Азофра со 705 настапи. Следен на табелата е Начо Родригез со 737 настапи, а достижен е и лидерот по бројот на настапи Начо Родригез, кој има запишано 756 настапи.

Следен кошаркар кој набрзо ќе забележи 500 победи е играчот на Барселона Хуан Карлос Наваро, кој моментално е на 496 победи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top