| четврток, 6 декември 2018 |

Две лица загинаа во тешки сообраќајки во Скопје

Две лица загинаа во вкупно 13 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во две со тешки телесни повреди се здобиле две лица, во шест полесно повредени се седум лица, а во четири е причинета материјална штета.

Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 18 возачи што се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено на семафор, како и кај 16 возачи што го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затечени се и 44 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ биле отстранети 49 возила. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top