Во четврток на 06.04.2017 г на Малата сцена во МОБ ќе се одржи Премиера на делото „Марија Калас – ЧАС“
Марија Калас-Час е драма, напишана од американскиот писател Теренс Мекнели во 1995 г. Обработува фиктивен мастерклас на познатата оперската пејачка Марија Калас, пред крајот на нејзиниот живот. Во претставата е користена музика на Џузепе Верди, Џакомо Пучини и Винченцо Белини. Драмата за прв пат е изведена на Бродвеј 1995 год. со звездите Зое Колдвел и Одра Мекдоналд.
Приказната е за оперската Дива Марија Калас, која држи час по пеење во реномираниот универзитет „Џулијард Скул“ во Њујорк. На часот таа се сеќава на сопствениот живот и се однесува потполно непредвидливо. Се будат нејзините инспирации, стравот да не биде „грдото пајче“, омразата кон нејзините конкурентки, притисокот од првите претстави, тријумфот во „Ла Скала“, како и нејзината афера со Аристотел Оназис, а кулминира со монологот за нејзиното саможртвување во име на уметноста.
Во 1996 год. претставата е наградена со „Драма Деск Авард“ за најдобра нова драма и „Тони Авард“ за најдобра изведба.
Режијата и преводот се на Урсула Хорнер, Избор на костими: Марија Пупучевска, Графички дизајн: Марија Ветероска, Светло дизајн: Васко Лисичов
Настапуваат: Марија Калас, Надежда Рубен, Корепетитор, Андреја Наунов, Софи де Палма, Марија Наумовска, Шерон Грехем, Александра Лазаревска, Антони Кандолино, Влатко Груевски и Декоратер, Зоран Данилов
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.