| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се отвора Музеј на Марија Калас во 2015 година

марија калас

Грчката оперска пејачка Марија Калас, еден од најголемите сопрани во историјата наредната година ќе добие музеј во кој ќе бидат изложени предмети на големата дива, ракописи, писма, фотографии, разни публикации.

Според зборовите на градоначалникот на Атина, Јоргос Каминс, Музејот ќе биде порадок за обожавателите на оперската дива.

Во рамките на музејот ќе има и кафуле „Дивина“ (Божествена), како што уште ја нарекуваа Калас во оперските кругови, потоа продавница за сувенири, библиотека и простор за изведување рецитали.

Марија Калас (1923-1977) е родена во Њујорк, во семејство на грчки емигранти. Во 1937 година со мајка и и сестра и се вратила во Грција. Основното музичко образование го добила во Атина. Нејзиниот глас бил топол, лиричен, интензивен и еден вид феномен – „покривал“ три октави. Како што напишал и американскиот музички критичар Џон Ардуан „Гласот на Калас беше и остана контроверзен – колку што вознемируваше, толку инспириаше и одушевуваше“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top