Продолжува сезоната од сништата на Лина Ѓорческа, која од денес скокна на 187. место на ВТА листата, што е нејзин најдобар пласман во кариерата. Тетовчанката со 277 поени за пет места го подобри ранкингот од минатиот месец, кој го заврши на 192. место.
На турнирот во Италија, Лина во двојки ја освои титулата во дубл заедно Американката Пера Бернарда. Македонско-американската комбинација со победа од 6-2, 6-3 ја освои титулата против Прартана Томбаре од Индија и Ева Вакано од Холандија.
Така, од денес во двојки Ѓорческа скокна на 137. место на ВТА листата со 534 поени. Вториот македонски рекет Магдалена Стоилковска остана на 1.237 место во сингл и 1.180 место во дубл, што претставува скок за три места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.