Шест популарни, читани и наградувани млади македонски писатели ќе имаат средба со бугарските читатели на 3 април (понеделник), од 18.30 часот, во салонот на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија. Повод се нивните романи издадени во Бугарија, во текот на оваа и минатата година. Со нивниот неспорен талент и дарба за пишување, современата македонска литература доживува вистински бум како во Македонија така и надвор од нејзините граници. Нивните книги се читани и преведувани. Деновиве излезе од печат и романот “Годишни времиња” од Јулијана Величковска, наскоро предстои издавање и на други двајца автори од истата млада генерација писатели – Ненад Јолдески и Игор Станојоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


