| четврток, 6 декември 2018 |

Шест млади македонски автори на книжевна вечер во Културниот центар на Република Македонија во Софија

Шест популарни, читани и наградувани млади македонски писатели ќе имаат средба со бугарските читатели на 3 април (понеделник), од 18.30 часот, во салонот на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија. Повод се нивните романи издадени во Бугарија, во текот на оваа и минатата година. Со  нивниот неспорен талент и дарба за пишување, современата македонска литература доживува вистински бум како во Македонија така и надвор од нејзините граници. Нивните книги се читани и преведувани. Деновиве излезе од печат и романот “Годишни времиња” од Јулијана Величковска, наскоро   предстои издавање и на други двајца автори од истата млада генерација писатели Ненад Јолдески и Игор Станојоски.

Во рамките на книжевната вечер, во присуство на авторите,Фросина Пармаковска, Вера Калин, Живко Грозданоски, Михајло Свидерски, Давор Стојановски и Петар Андоновски, свое обраќање ќе имаат книгоиздателот Пламен Тотев, преведувачот Тања Попова и директорот на нашиот Центар во Софија, Васко Шутаров.
Извадоци од романите на бугарски јазик ќе интерпретира Ѓорги Георгиев-Антика.
Проектот е инициран од Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија и финансиски поддржан од Министерството за култура. Во рамките на годишната програма на нашиот Центар во Софија, ќе бидат промовирани уште неколку изданија на наши автори во Бугарија, меѓу кои и дела на академиците Влада Урошевиќ и Луан Старова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top