| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Витановска: Пролетниот замор може да се победи со физичка активност

Еден од на­чи­ни­те за по­до­бру­ва­ње на со­стој­ба­та е со ис­хра­на бо­га­та со овош­је и со зе­лен­чук за да мо­же ор­га­низ­мот да ги до­бие по­треб­ни­те ми­не­ра­ли и ви­та­ми­ни. По­треб­но е до­пол­ни­тел­но ко­ли­чес­тво ви­та­мин це. Про­лет­ни­от за­мор мо­же да би­де и пос­ле­ди­ца на дис­ба­ланс на хор­мо­ни­те

Се­кој втор чо­век над 30 го­ди­ни стра­да од про­ле­тен за­мор, што е со­стој­ба, но не е бо­лест. Про­лет­ни­от за­мор се ма­ни­фе­сти­ра со бр­зо за­мо­ру­ва­ње, не­до­стиг на кон­цен­тра­ци­ја, не­об­јас­ни­ва по­тре­ба од спи­е­ње во те­кот на це­ли­от ден. Лу­ѓе­то чув­ству­ва­ат де­ка им е на­ма­ле­на ра­бот­на­та спо­соб­ност. Чув­ству­ва­ат сла­бост во му­ску­ли­те, ото­ци на глуж­до­ви­те на ста­па­ла­та. Нај­го­ле­мо вли­ја­ние има­ат наг­ли­те про­ме­ни на вре­ме­то, на кои чо­ве­кот те­шко се адап­ти­ра. Про­лет­ни­от за­мор обич­но се ја­ву­ва кон кра­јот на зи­ма­та, а мо­же да по­трае до мај.

Еден од на­чи­ни­те за по­до­бру­ва­ње на со­стој­ба­та е со ис­хра­на бо­га­та со овош­је и со зе­лен­чук за да мо­же ор­га­низ­мот да ги до­бие по­треб­ни­те ми­не­ра­ли и ви­та­ми­ни. По­треб­но е до­пол­ни­тел­но ко­ли­чес­тво ви­та­мин це.

Про­лет­ни­от за­мор мо­же да би­де и пос­ле­ди­ца на дис­ба­ланс на хор­мо­ни­те.

– Во те­ло­то на чо­ве­кот по­стои дис­ба­ланс. Се ши­рат крв­ни­те са­до­ви, при­ти­со­кот па­ѓа, а хор­мо­ни­те „ври­јат“, со што хор­мо­нот на сре­ќа се на­ма­лу­ва. Би­деј­ќи се на­ма­лу­ва се­ро­то­ни­нот, чо­век лес­но мо­же да за­пад­не во де­пре­си­ја – ве­ли д-р Ире­на Ви­та­нов­ска, спе­ци­ја­лист по се­меј­на пра­кти­ка.

Со до­а­ѓа­ње­то на про­лет­та, па­ци­ен­ти­те че­сто се жа­лат на про­ле­тен за­мор. Ка­кви се симп­то­ми­те? Да­ли про­лет­ни­от за­мор е бо­лест или со­стој­ба?

ВИ­ТА­НОВ­СКА: Про­ле­тен за­мор е со­стој­ба, не е бо­лест. Не­кои лу­ѓе се по­себ­но чув­стви­тел­ни на про­лет­та и на про­ме­ни­те што до­а­ѓа­ат со неа. До­де­ка трае зи­ма­та, ние ка­ко да сме во со­стој­ба на хи­бер­на­ци­ја, ка­ко да сме во зим­ски сон. То­гаш те­ло­то на­та­ло­жу­ва по­ве­ќе ка­ло­рии би­деј­ќи се ја­де по­мрс­на хра­на. По­стои не­до­стиг на ви­та­ми­ни, не­до­стиг на фи­зич­ка актив­ност. И ко­га ќе дој­де про­лет, ме­сто да се разд­ви­жи­ме, до­а­ѓа по­топ­ло вре­ме, ние чув­ству­ва­ме за­мор. Глав­но, се­кој втор чо­век има симп­то­ми на про­ле­тен за­мор. Со до­а­ѓа­ње­то на про­лет­та на­ед­наш ка­ко да сме умор­ни, ка­ко да ни се спие. Оваа сон­ли­вост се по­ја­ву­ва по­ра­ди не­до­стиг на ви­та­ми­ни, здра­ва хра­на и фи­зич­ка актив­ност. Се по­ја­ву­ва­ат вр­тог­ла­ви­ци, про­дол­жен сон, не­моќ, лес­на де­пре­си­ја. Зо­што? Би­деј­ќи има не­до­стиг на хор­мо­нот на сре­ќа­та – се­ро­то­нин.

 

dr-Irena-Vitanovska-4 (Custom)

Про­лет­ни­от за­мор по­себ­но ги по­го­ду­ва хро­нич­ни­те па­ци­ен­ти и тие што се ане­мич­ни, вели д-р Витановска

Зо­што се ја­ву­ва за­мор? Да­ли, мо­же­би, тоа е пос­ле­ди­ца на дис­ба­ланс на хор­мо­ни­те?

ВИ­ТА­НОВ­СКА: Да. Во те­ло­то на чо­ве­кот по­стои дис­ба­ланс. Се ши­рат крв­ни­те са­до­ви, при­ти­со­кот па­ѓа, а хор­мо­ни­те „ври­јат“, со што хор­мо­нот на сре­ќа се на­ма­лу­ва. Би­деј­ќи се на­ма­лу­ва се­ро­то­ни­нот, чо­век лес­но мо­же да за­пад­не во де­пре­си­ја.

Да­ли па­ци­ен­ти­те со хро­нич­ни бо­ле­сти има­ат по­го­лем ри­зик од про­ле­тен за­мор?

ВИ­ТА­НОВ­СКА: Про­лет­ни­от за­мор по­себ­но ги по­го­ду­ва хро­нич­ни­те па­ци­ен­ти и тие што се ане­мич­ни. Од па­ци­ен­ти­те со хро­нич­ни бо­ле­сти по­себ­но се изд­во­ју­ва­ат тие со ди­ја­бе­тес, ви­сок кр­вен при­ти­сок, рев­ма­то­и­ден ар­три­тис. Про­лет­ни­от за­мор кај овие па­ци­ен­ти е по­и­зра­зен и тоа е пос­ле­ди­ца од про­ме­на на ат­мо­сфер­ски­от при­ти­сок.

Да­ли про­лет­ни­от за­мор се раз­ли­ку­ва од син­дро­мот на хро­ни­чен умор? Кои се раз­ли­ки­те?

ВИ­ТА­НОВ­СКА: По­стои го­ле­ма раз­ли­ка ме­ѓу про­лет­ни­от за­мор и син­дро­мот на хро­ни­чен умор. Про­лет­ни­от за­мор е мин­лив, трае не­кол­ку не­де­ли, до­де­ка те­ло­то да се адап­ти­ра на про­лет­та. Хро­нич­ни­от за­мор е пос­ле­ди­ца на не­ко­ја бо­лест. Ако по­дол­го вре­ме трае про­лет­ни­от умор, па­ци­ен­тот тре­ба да на­пра­ви ла­бо­ра­то­ри­ски ис­пи­ту­ва­ња, да по­се­ти ле­кар за да се нај­дат при­чи­ни­те. Кај хро­нич­ни­от за­мор, симп­то­ми­те по­сто­јат по­ве­ќе од шест ме­се­ци и тие упа­ту­ва­ат на не­ко­ја бо­лест.

По­сто­јат ли па­ци­ен­ти кај кои е по­ве­ро­јат­но де­ка ќе се ја­ви про­ле­тен за­мор, од­нос­но има ли па­ци­ен­ти што се по­ве­ќе скло­ни на не­го?

ВИ­ТА­НОВ­СКА: Се­кој втор чо­век по­стар од 30 го­ди­ни има про­ле­тен за­мор. Ре­чи­си е не­воз­мож­но да нај­деш не­кој што не се жа­ли на про­ме­ни­те кои се слу­чу­ва­ат во про­лет и ка­ко тие вли­ја­ат на те­ло­то. Обич­но спор­ти­сти­те не се жа­лат на про­ле­тен за­мор, би­деј­ќи тие се по­сто­ја­но фи­зич­ки актив­ни, и де­ца­та што се здра­ви.

Што би им пре­по­ра­ча­ле на па­ци­ен­ти­те?

ВИ­ТА­НОВ­СКА: Не­до­вол­на­та фи­зич­ка актив­ност е ед­на од нај­важ­ни­те при­чи­ни по­ра­ди кои се ја­ву­ва про­лет­ни­от за­мор. Про­фе­си­и­те де­нес по­че­сто се по­вр­за­ни со се­де­ње. За­тоа е по­треб­но нај­мал­ку по­ло­ви­на час се­кој од нас да има фи­зич­ка актив­ност. Лес­на про­ше­тка ко­ја ќе трае по­ло­ви­на час, над­вор, во парк, во шу­ма, е од­ли­чен из­бор. За да се на­ма­ли за­мо­рот или тој да се из­гу­би, по­треб­на е да се ја­де лес­на хра­на. Па­за­ри­те се пол­ни со зе­лен­чук и со овош­је. Пре­ку оваа хра­на ќе се вне­сат по­ве­ќе ви­та­ми­ни, по­себ­но ви­та­мин це пре­ку овош­је­то. Ви­та­ми­нот це зна­чи­тел­но ја по­до­бру­ва со­стој­ба­та. Исто та­ка, мо­же да се пра­кти­ку­ва­ат и на­из­ме­нич­ни ту­ши­ра­ња со мла­ка и со топ­ла во­да. Се пре­по­ра­чу­ва­ат лес­ни про­ше­тки, а не наг­ли фи­зич­ки актив­но­сти би­деј­ќи те­ло­то не мо­же да го сле­ди тоа.

Зо­што е че­ста ане­ми­ја­та во про­лет? Ка­ко до по­до­бра крв­на сли­ка?

ВИ­ТА­НОВ­СКА: Ане­ми­ја­та, од­нос­но не­до­сти­гот на же­ле­зо во кр­вта, е че­ста во про­лет по­ра­ди ис­хра­на­та. Јас би пре­по­ра­ча­ла ју­не­шко ме­со, но и џи­гер, грав, си­от зе­лен­чук, по­себ­но сѐ што е зе­ле­но – гра­шок, спа­наќ, зе­ле­на са­ла­та, ко­при­ва. На па­зар има сѐ. Тре­ба да се сме­ни на­чи­нот на при­го­тву­ва­ње на хра­на­та. Про­фе­си­и­те што се по­вр­за­ни со се­де­ње, мо­же­би, најм­но­гу се ви­нов­ни за со­стој­ба­та со про­ле­тен за­мор. По осум ча­са се­де­ње, лу­ѓе­то не­ма­ат вол­ја за ни­што.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

(интервјуто е објавено во 239. број на неделник Република кој излезе во печат на 31.3.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top