Недостатокот на физичката активност се искачи на четвртото место на листата со глобални предизвикувачи на смрт.
Дури и малку вежбање многу добро ќе делува на здравјето, па дури и да не симнете некој килограм. Резултатите од истражувањето на Универзитетот „Кембриџ“ кои беа објавени неодамна во Лондон покажаа дека со брзо одење 25 минути дневно можеме да добиеме дополнителни три до седум години живот.
Тим од Универзитетот „Кембриџ“ во текот на 12 години анализирал 300 илјади европејци по што било откриено дека секојдневното брзо одење ја намалува годишната смртност кај луѓето со нормална тежина за една четвртина.
Дваесетминутното одење е еднакво на минималната количина вежбање која што ја препорачува Светската здравствена организација која тврди дека возрасните треба барем 150 минути дневно да практикуваат лесно вежбање како одење или возење на велосипед или 75 минути вежбајќи со посилно темпо – трчање или пливање. Адолесцентите треба да вежбаат барем еден час дневно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.