| четврток, 6 декември 2018 |

Ликвидиран вториот човек на ИД

Заменикот на лидерот на џихадистичката група Ислмска држава (ИД), Абу Бакр ал-Багдади, Ајад ал-Џумали е убиен при воздушен напад на Вооружените сили на Ирак, објави денеска ирачката државна телевизија.

Повикувајќи се на ирачки воени разузнавачки извори, телевизијата нагласи дека при нападот, извршен во близина на границата на Ирак со Сирија, покрај Ал-Џумали се убиени и „други команданти на ИД“.

Во информацијата на ирачката телевизија не е посочено кога и каде точно е извршен овој напад.

Антиџихадистичката коалиција, предводена од САД, досега не ја коментираше ваквата инфоормација.

Коалицијата вчера соопшти дека при воздушен напад на нејзини авиони во западен Ирак на 25 март, бил убиен шефот за пропаганда на ИД, Ибрахим ал-Ансари и четворица негови соработници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top