Македонката Ивана Чолаковска и нејзиниот партнер Ману Торес, по четиригодишното патување со мотор околу светот, пристигнаа во Скопје.
Радиото Бубамара организира голем и весел пречек кој започна околу 14 часот, на плоштадот „Македонија“. Ивана Чолаковска-Торес и нејзиниот партнер Ману Торес кога пристигнаа беа придружувани од членовите на мотоклубот „Вепар“ и претставници на други мото и велосипедски клубови од земјава.
Чолаковска-Торес со партнерот на 17 април 2013 година го започнаа своето долго патување, со ветување дека ќе ги посетат сите континенти, од едниот до другиот крај на светот со мотор.
фото: Фејсбук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.