| четврток, 6 декември 2018 |

Мирка не му дава мир на Федерер: Славниот тенисер се срами од жена си

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер со победата над Ник Кирјос се пласираше во финалето во Мајами, меѓутоа сенка врз овој триумф фрли неговата сопруга Мирка.

Во средина на мечот, Австралијанецот го скршил рекетот и бил негативно исвиркан од публиката. Меѓу нив се нашла и Мирка Федерер, што многумина ги шокирало.

Невообичаено е членовите на тимовите играчи да прават вакви испади за време на натпреварите и јавно да покажат непочит кон ривалот.

Ова не е прв испад на сопругата на Федерер, која порано била тенисерка. Пред повеќе од две години Мирка го навредила сонародникот на Федерер и соиграчот од националната репрезентаија, Стен Вавринк кога му дофрли од боксот дека е „плачко“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top