Како да беше вчера кога за првпат ја погледнавме рекламата за „Купувајте македонски производи со сонце“, во која главна улога имаше малечко и слатко девојченце.
Оттогаш поминаа цели 17 години, а малата дама порасна, се омажи, стана водителка…
И сигурно веќе нагодувате за кого станува збор, а некои можеби веќе ја препознавте. Станува збор за младата водителка Криси Тимовска која неколку сезони е домаќинка на емисијата „Фолк естрада“ која се емитува на телевизија Сител.
Деновиве Криси се присети на детството и искуството пред камери уште од мали нозе, па на своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи им откри дека таа е девојченцето од рекламата, а повеќето реагираа изненадено.
-Поминаа 17 години, а јас уште вака слатка, напиша водителката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.