| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ потврди дека ќе игра против Шпанија во Дејвис купот

Синоќа најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ и официјално потврди дека ќе биде дел од Дејвис Куп селекцијата на Србија на претстојниот четвртфинален дуел против Шпанија.

Рекетот број два моментално заздравува од ситната повреда на лактот на левата рака, поради што го откажа настапот на Мастерсот во Мајами, а во Белград ќе пристигне в недела, кога ќе му се придружи на своите репрезентативни колеги.

Дуелот против Шпанија на програмата е од 7 до 9 април во „Пионир“, а на жалост на сите тениски фанови во овој регион, Ѓоковиќ нема да се соочи со Рафаел Надал, бидејќи најдобриот шпански тенисер пред неколку седмици го откажа настапот во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top