| четврток, 6 декември 2018 |

Заради промена на Уставот, демонстранти го запалија Конгресот на Парагвај (ФОТО)

Демонстранти го запалија Конгресот на Парагвај, откако Сенатот во тајност изгласа измена на Уставот со која на претседателот Хорацио Картес му се дозволуава повторно да се кандидира за функцијата.

Неколку политичари и новинари се повредени, соопштија медиумите, а министерот за внатрешни работи, Тадео Рохас, изјави дека има и неколку повредени полицајци.

b29909983f3c4a60a4a963912df73f7b_18

Член на Долниот дом на Конгресот, кој учествувал на протестите, бил подложен на хируршки зафат заради повредите кои му биле нанесени со гумени куршуми.

Парагвајскиот Устав од 1992 година забранува повторно кандидирање, откако во 1989 година беше соборен бруталниот диктаторски режим.

-Извршен е државен удар. Ќе дадеме отпор и го повикуваме народот тоа да го стори со нас, изјави сенаторот Десире Маси од опозициската Прогресивна демократска партија, јавија британските медиуми.

51bd72493cc84e4ba565316c32d66a1c_18

Пожарникарите успеале да ја совладаат огнената стихија, но протестите продолжиле и во други делови на главниот град на Парагвај, Асунсион, како и ширум земјата, јавуваат локалните медиуми.

Во телевизиски пренос е прикажано како демонстрантите ги кршат прозорците од Конгресот и влегуваат во отворен судар со полицијата, притоа  палејќи гуми и отстранувајќи делови од оградата околу зградата.

Полицијата користела солзавец и гумени куршуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top