| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за тренерот по стрелаштво кој силуваше ученичка

siluvanje tinejdzerka

Притвор од триесет дена за тренер по стрелаштво од Кавадарци изрече надлежниот Основен суд од Велес откако во средата во Полициската станица од општа надлежност Кавадарци бил пријавен за полов напад врз тринаесетгодишна ученичка од Кавадарци.

Според СВР Велес, станува збор за 67-годишниот Б.П. кој бил тренер на девојчето.

– Според пријавителите, во повеќе наврати во последните три месеци вршел обљуба врз ученичката, а последен пат во средата дента околу 18.00 часот, информираат од СВР Велес.

Оттаму додаваат дека случајот  е документиран во ПС ОН Кавадарци и е доставен до Основно јавно обвинителство Кавадарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top