Во рамки на 40 Денови на македонска музика, вечер во Дом на АРМ концерт ќе одржи Биг бендот на Здружението на џез-музичари и слободни уметници, под диригентство на Џијан Емин.
На концертната програма се дела на композиторите Владимир Николов, Кокан Димушевски, Антонијо Китановски, Драган Ѓаконовски-Шпато, Александар Џамбазов, Кире Костов и Живојин Глишиќ.
Следниот фестивалски настан на годинашните Денови на македонска музика е на 3 април на малата сцена во Македонската опера и балет каде што ќе биде изведен концерт со акузматична муизка со танцов перформанс во кореографија на Елена Антонова-Петровиќ.
Изведувачи ќе бидат ученици и студенти по современ танц од Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски-Луј“ и од Факултетот за музичка уметност-Скопје.
На програмата на овој концерт се дела од Кокан Димушевски, Влатко Георгиев, Дарија Андовска и Андреј Блажевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.