| четврток, 6 декември 2018 |

Сорос, Рама и Заев стоеја зад прислушувањето и зад тиранската платформа

Во Ма­ке­до­ни­ја е за­гро­зен без­бед­нос­ни­от си­стем пре­ку не­го­во про­би­ва­ње, гра­ѓан­ски­от се­ктор е ур­ни­сан од ко­рум­пи­ра­ни нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции, се го­нат не­и­сто­мис­ле­ни­ци, се за­молк­ну­ва­ат ме­ди­у­ми, се обез­ли­чу­ва Ма­ке­до­не­цот, се ури­ва уни­тар­но­ста и се до­би­ва на ле­ги­ти­ми­тет пре­ку СДСМ и дел од гла­сач­ко­то те­ло кое за­ста­на зад оваа пар­ти­ја. Во Ма­ке­до­ни­ја има­ме па­ра­ин­сти­ту­ци­ја – Спе­ци­јал­но јав­но об­ви­ни­телс­тво - ко­ја ги ам­не­сти­ра си­те што го за­гро­зу­ва­ат устав­ни­от по­ре­док, а ги дис­цип­ли­ни­ра не­и­сто­мис­ле­ни­ци­те на За­ев и Фон­да­ци­ја­та Отво­ре­но оп­штес­тво

 

Никола Србов

Никола Србов

Де­но­ви­ве има сè по­за­че­сте­ни из­ја­ви на по­ли­ти­ча­ри од Ал­ба­ни­ја кои од­го­вор­но твр­дат де­ка Еди Ра­ма е еден од кре­а­то­ри­те на кри­за­та во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. За жал, ма­ке­дон­ска­та јав­ност се­ко­гаш тре­ба да ја осве­сту­ва не­кој од над­вор, очиг­лед­но не си ве­ру­ва­ме са­ми­те на се­бе би­деј­ќи за вр­ска­та на Ра­ма со кри­за­та ве­ќе има­ме пи­шу­ва­но и збо­ру­ва­но во јав­ност.

Ни­ку­ле­цот на це­ла­та кри­за се на­о­ѓа во не­за­кон­ско­то прис­лу­шу­ва­ње. По­сто­јат се­ри­оз­ни ин­ди­ции де­ка зад не­за­кон­ско­то прис­лу­шу­ва­ње во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја сто­јат Еди Ра­ма, Ма­тео Рен­ци и Зо­ран За­ев, за­ед­нич­ки име­ни­тел за овие трој­ца е Џорџ Со­рос, кој е бли­зок со Ра­ма и Рен­ци, а овој на­ши­ов, до­маш­ни­ов, го ко­ри­стат ка­ко нај­о­би­чен из­вр­ши­тел на нај­вал­ка­на­та за­да­ча про­тив сво­јот на­род. Пла­нот за не­за­кон­ско­то прис­лу­шу­ва­ње бил скро­ен на со­ста­нок во Рим, а вре­ме­то ко­га бил кро­ен пла­нот ко­ин­ци­ди­ра со пре­сто­јот на Зо­ран Ве­ру­шев­ски во Рим, кој бе­ше вра­бо­тен во ма­ке­дон­ска­та ам­ба­са­да ка­ко од­го­во­рен за „со­ра­бо­тка­та со без­бед­нос­ни­те служ­би на зем­ја­та во ко­ја е на ра­бо­та, и ко­ор­ди­на­ци­ја со нив око­лу со­вре­ме­ни­те за­ка­ни по без­бед­но­ста“.

Зо­што е из­бра­на ток­му Ита­ли­ја? Во Ита­ли­ја без­бед­нос­ни­те служ­би не прис­лу­шу­ва­ат, тоа за нив го вр­шат три ком­па­нии кои има­ат склу­че­но до­го­вор со др­жа­ва­та и ра­бо­тат за служ­би­те. Од си­те др­жа­ви, са­мо во Ита­ли­ја по­стои мож­ност прав­но ли­це да ку­пи опре­ма за сле­де­ње на ко­му­ни­ка­ци­и­те со спе­ци­јал­на доз­во­ла од др­жа­ва­та или од не­ко­ја ком­па­ни­ја. Ин­ди­ци­и­те во­дат кон тоа де­ка Џорџ Со­рос ја фи­нан­си­рал це­ла­та опе­ра­ци­ја, од на­ба­вка­та на опре­ма­та за прис­лу­шу­ва­ње до кре­и­ра­ње­то на сним­ки­те. Оста­ну­ва са­мо не­јас­но до­крај да­ли иста­та опре­ма, ко­ја по­ми­на низ Ал­ба­ни­ја, би­ла иско­ри­сте­на за прис­лу­шу­ва­ње­то со кое се со­о­чи и оваа др­жа­ва, но та­му сним­ки­те не из­ле­гоа во јав­ност, лес­но е да по­го­ди­ме и зо­што бе­ше та­ка.

Вр­ска­та ме­ѓу Со­рос и прис­лу­шу­ва­ње­то во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја ја зац­вр­сту­ва и Спо­мен­ка Ла­за­рев­ска, со­пру­га на вто­ро­о­сом­ни­че­ни­от во афе­ра­та „Пуч“, Звон­ко Ла­за­рев­ски, ко­ја со го­ди­ни зе­ма­ла астро­ном­ски ви­со­ка ме­сеч­на пла­та од Фон­да­ци­ја­та Отво­ре­но оп­штес­тво. Пред не­кол­ку ме­се­ци во јав­но­ста се отво­ри и пра­ша­ње­то да­ли ФО­ОМ пре­ку Спо­мен­ка Ла­за­рев­ска го по­тку­пу­ва­ла не­за­кон­ско­то дејс­тво на неј­зи­ни­от со­пруг, но тоа не мо­же да се по­твр­ди, мо­же са­мо да се но­ти­ра ка­ко не­ка­ква вр­ска.

И ве­ќе на це­ла­та јав­ност ѝ ста­на јас­но де­ка Џорџ Со­рос бил вклу­чен во прис­лу­шу­ва­ње­то, но прис­лу­шу­ва­ње­то бе­ше са­мо ала­тка ко­ја тре­ба­ше да пос­лу­жи до по­стиг­ну­ва­ње на крај­на­та цел.

Ко­ја е крај­на­та цел?

Исти­те лу­ѓе што сто­е­ја зад прис­лу­шу­ва­ње­то, се­га сто­јат зад ти­ран­ска­та пла­тфор­ма. Зад оваа пла­тфор­ма сто­јат Еди Ра­ма, Зо­ран За­ев и Џорџ Со­рос, до­де­ка ал­бан­ски­те пар­тии се са­мо ма­ша­та пре­ку ко­ја се спро­ве­ду­ва пла­нот на Со­рос во Ма­ке­до­ни­ја. Крај­на­та цел е пре­ку пла­тфор­ма­та да се ур­не уни­тар­но­ста на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и да се соз­да­де би­на­ци­о­нал­на др­жа­ва ко­ја де фа­кто прет­ста­ву­ва фе­де­ра­ци­ја.

По уда­рот врз без­бед­но­ста пре­ку прис­лу­шу­ва­ни­те раз­го­во­ри, по пла­си­ра­ње­то на ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, дој­де ре­дот за раз­у­бе­ду­ва­ње на Ма­ке­дон­ци­те да при­фа­тат де­ка и „не е та­ка страш­но“ да им се по­де­ли др­жа­ва­та. Од Фон­да­ци­ја­та Отво­ре­но оп­штес­тво мис­ле­ле и на овој сег­мент, мо­же­би и нај­важ­ни­от од си­те.

Со цел Ма­ке­дон­ци­те да ја при­фа­тат ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, во Ма­ке­до­ни­ја е поч­нат пе­тго­ди­шен про­ект за про­ме­на на јав­но­то мис­ле­ње. Оваа ак­ци­ја се спро­ве­ду­ва пре­ку: два кон­тра­кто­ра, две про­гра­ми и три нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции.

Пр­ви­от про­ект е на­ме­нет за „про­ме­на на јав­но­то мис­ле­ње“ и исти­от го спро­ве­ду­ва кон­тра­кто­рот АЕ­КОМ за што рас­по­ла­га со бу­џет од 3.200.000 до­ла­ри.

Вто­ри­от про­ект е на­ме­нет за „актив­но­сти за гра­ѓан­ски ан­гаж­ман“ и исти­от го спро­ве­ду­ва кон­тра­кто­рот EWMI, за што рас­по­ла­га со бу­џет од 9.500.000 до­ла­ри.

Три­те нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции што ра­бо­тат на овие про­е­кти и кои до­пол­ни­тел­но ан­га­жи­ра­ат уште нај­мал­ку 50 нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции, се Ме­та­мор­фо­зис, Фон­да­ци­ја­та Отво­ре­но оп­штес­тво и На­ци­о­нал­ни­от мла­дин­ски со­вет.

Про­е­ктот, кој е пред­ви­де­но да трае 5 го­ди­ни, а поч­на со т.н. Ша­ре­на ре­во­лу­ци­ја и со на­сил­ни­те про­те­сти, се­га е во фа­за на соз­да­ва­ње јав­но мис­ле­ње кое на Ма­ке­дон­ци­те тре­ба да им да­де до зна­е­ње де­ка не­ма ни­што опас­но во би­на­ци­о­нал­но­ста.

На­мет­ну­ва­ње­то на би­на­ци­о­нал­но­ста и на дво­ја­зич­но­ста поч­на на про­те­сти­те на т.н. Ша­ре­на ре­во­лу­ци­ја, на кои па­ро­ли­те и по­ра­ки­те беа пи­шу­ва­ни на два ја­зи­ка, на ма­ке­дон­ски и на ал­бан­ски. Со тоа ја­зи­ци­те на оста­на­ти­те ет­нич­ки за­ед­ни­ци во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја беа исфр­ле­ни, а на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни им бе­ше нај­а­ве­на дво­ја­зич­но­ста, по­точ­но, прог­ла­су­ва­ње­то на ал­бан­ски­от ја­зик за офи­ци­ја­лен ја­зик на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

#Гра­ѓа­ниМК е про­ект пре­ку кој нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции, ко­ри­стеј­ќи го тер­ми­нот „гра­ѓа­ни“,тре­ба да го од­зе­мат од Ма­ке­дон­ци­те чув­ство­то на етич­ка при­пад­ност и исти­те да се иден­ти­фи­ку­ва­ат ка­ко гра­ѓа­ни на др­жа­ва­та. Крај­на­та цел на овој про­ект, спо­ред кре­а­то­ри­те на исти­от, е лес­но ре­ша­ва­ње на спо­рот со Ре­пуб­ли­ка Гр­ци­ја око­лу устав­но­то име на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја со не­го­ва про­ме­на. Кре­а­то­рот на про­е­ктот за­мис­лил де­ка не мо­же да се из­вр­ши про­ме­на на устав­но­то име до­де­ка во др­жа­ва­та има на­род кој се иден­ти­фи­ку­ва ка­ко Ма­ке­дон­ци, по­треб­ни му се са­мо „гра­ѓа­ни“, за­тоа спро­ве­ду­ва про­ект кој нас од Ма­ке­дон­ци тре­ба да нè про­ме­ни во гра­ѓа­ни на „таа и таа“ др­жа­ва.

Овие про­е­кти, кои ги во­дат дел од нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции, се во ко­ре­ла­ци­ја со по­ли­ти­ка­та на Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз пре­ку ко­ја уда­рот врз др­жа­ва­та до­би­ва ле­ги­ти­ми­тет од по­ли­тич­ки суб­јект зад кој за­ста­на­ле дел од гла­са­чи­те.

Ос­ло­бо­ду­ва­ње­то на Зо­ран Ве­ру­шев­ски и на Зо­ран За­ев од од­го­вор­ност во слу­ча­јот „Пуч“ е не­со­бор­лив до­каз де­ка Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво има цел да ги ам­не­сти­ра си­те акте­ри што ја соз­да­ва­ат кри­за­та во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а ко­ја во­ди кон ури­ва­ње на уни­тар­но­ста на др­жа­ва­та. Спе­ци­јал­но­то јав­но об­ви­ни­телс­тво има за­да­ча да ги дис­цип­ли­ни­ра си­те што не се сог­ла­су­ва­ат со ре­де­фи­ни­ра­ње­то на др­жа­ва­та. Исто­вре­ме­но, СЈО вр­ши удар врз си­те ме­ди­у­ми што не се под кон­тро­ла на Фон­да­ци­ја­та Отво­ре­но оп­штес­тво.

Си­те овие уда­ри врз Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја се из­ве­де­ни син­хро­ни­зи­ра­но од по­ве­ќе цен­три, а се спро­ве­ду­ва­ат од три­крат­но або­ли­ран по­ли­ти­чар.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top