Деновиве има сè позачестени изјави на политичари од Албанија кои одговорно тврдат дека Еди Рама е еден од креаторите на кризата во Република Македонија. За жал, македонската јавност секогаш треба да ја освестува некој од надвор, очигледно не си веруваме самите на себе бидејќи за врската на Рама со кризата веќе имаме пишувано и зборувано во јавност.
Никулецот на целата криза се наоѓа во незаконското прислушување. Постојат сериозни индиции дека зад незаконското прислушување во Република Македонија стојат Еди Рама, Матео Ренци и Зоран Заев, заеднички именител за овие тројца е Џорџ Сорос, кој е близок со Рама и Ренци, а овој нашиов, домашниов, го користат како најобичен извршител на највалканата задача против својот народ. Планот за незаконското прислушување бил скроен на состанок во Рим, а времето кога бил кроен планот коинцидира со престојот на Зоран Верушевски во Рим, кој беше вработен во македонската амбасада како одговорен за „соработката со безбедносните служби на земјата во која е на работа, и координација со нив околу современите закани по безбедноста“.
Зошто е избрана токму Италија? Во Италија безбедносните служби не прислушуваат, тоа за нив го вршат три компании кои имаат склучено договор со државата и работат за службите. Од сите држави, само во Италија постои можност правно лице да купи опрема за следење на комуникациите со специјална дозвола од државата или од некоја компанија. Индициите водат кон тоа дека Џорџ Сорос ја финансирал целата операција, од набавката на опремата за прислушување до креирањето на снимките. Останува само нејасно докрај дали истата опрема, која помина низ Албанија, била искористена за прислушувањето со кое се соочи и оваа држава, но таму снимките не излегоа во јавност, лесно е да погодиме и зошто беше така.
Врската меѓу Сорос и прислушувањето во Република Македонија ја зацврстува и Споменка Лазаревска, сопруга на второосомничениот во аферата „Пуч“, Звонко Лазаревски, која со години земала астрономски висока месечна плата од Фондацијата Отворено општество. Пред неколку месеци во јавноста се отвори и прашањето дали ФООМ преку Споменка Лазаревска го поткупувала незаконското дејство на нејзиниот сопруг, но тоа не може да се потврди, може само да се нотира како некаква врска.
И веќе на целата јавност ѝ стана јасно дека Џорџ Сорос бил вклучен во прислушувањето, но прислушувањето беше само алатка која требаше да послужи до постигнување на крајната цел.
Која е крајната цел?
Истите луѓе што стоеја зад прислушувањето, сега стојат зад тиранската платформа. Зад оваа платформа стојат Еди Рама, Зоран Заев и Џорџ Сорос, додека албанските партии се само машата преку која се спроведува планот на Сорос во Македонија. Крајната цел е преку платформата да се урне унитарноста на Република Македонија и да се создаде бинационална држава која де факто претставува федерација.
По ударот врз безбедноста преку прислушуваните разговори, по пласирањето на тиранската платформа, дојде редот за разубедување на Македонците да прифатат дека и „не е така страшно“ да им се подели државата. Од Фондацијата Отворено општество мислеле и на овој сегмент, можеби и најважниот од сите.
Со цел Македонците да ја прифатат тиранската платформа, во Македонија е почнат петгодишен проект за промена на јавното мислење. Оваа акција се спроведува преку: два контрактора, две програми и три невладини организации.
Првиот проект е наменет за „промена на јавното мислење“ и истиот го спроведува контракторот АЕКОМ за што располага со буџет од 3.200.000 долари.
Вториот проект е наменет за „активности за граѓански ангажман“ и истиот го спроведува контракторот EWMI, за што располага со буџет од 9.500.000 долари.
Трите невладини организации што работат на овие проекти и кои дополнително ангажираат уште најмалку 50 невладини организации, се Метаморфозис, Фондацијата Отворено општество и Националниот младински совет.
Проектот, кој е предвидено да трае 5 години, а почна со т.н. Шарена револуција и со насилните протести, сега е во фаза на создавање јавно мислење кое на Македонците треба да им даде до знаење дека нема ништо опасно во бинационалноста.
Наметнувањето на бинационалноста и на двојазичноста почна на протестите на т.н. Шарена револуција, на кои паролите и пораките беа пишувани на два јазика, на македонски и на албански. Со тоа јазиците на останатите етнички заедници во Република Македонија беа исфрлени, а на македонските граѓани им беше најавена двојазичноста, поточно, прогласувањето на албанскиот јазик за официјален јазик на целата територија на Република Македонија.
#ГраѓаниМК е проект преку кој невладините организации, користејќи го терминот „граѓани“,треба да го одземат од Македонците чувството на етичка припадност и истите да се идентификуваат како граѓани на државата. Крајната цел на овој проект, според креаторите на истиот, е лесно решавање на спорот со Република Грција околу уставното име на Република Македонија со негова промена. Креаторот на проектот замислил дека не може да се изврши промена на уставното име додека во државата има народ кој се идентификува како Македонци, потребни му се само „граѓани“, затоа спроведува проект кој нас од Македонци треба да нè промени во граѓани на „таа и таа“ држава.
Овие проекти, кои ги водат дел од невладините организации, се во корелација со политиката на Социјалдемократскиот сојуз преку која ударот врз државата добива легитимитет од политички субјект зад кој застанале дел од гласачите.
Ослободувањето на Зоран Верушевски и на Зоран Заев од одговорност во случајот „Пуч“ е несоборлив доказ дека Специјалното јавно обвинителство има цел да ги амнестира сите актери што ја создаваат кризата во Република Македонија, а која води кон уривање на унитарноста на државата. Специјалното јавно обвинителство има задача да ги дисциплинира сите што не се согласуваат со редефинирањето на државата. Истовремено, СЈО врши удар врз сите медиуми што не се под контрола на Фондацијата Отворено општество.
Сите овие удари врз Република Македонија се изведени синхронизирано од повеќе центри, а се спроведуваат од трикратно аболиран политичар.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.