| четврток, 6 декември 2018 |

Слугата Гериз и неговата монтирана слика: Очајнички обиди да се понижи Македонија дека е во меѓународна изолација (ФОТО)

Во еден ден две бесрамни лаги. Не остана веќе ништо новинарско во првото Соросово перо, Бранко Гроски Гериз. Наместо новинар, со право треба да се нарече измеќар на Соросовиот клан на чело со Љубомир Фрчкоски. Слугата Гериз двапати во ист ден се обиде да ја изманипулира јавноста, прво пренесувајќи лажни цитати од пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, а потоа и со пласирање лажна групна фотографија од затворањето на самитот на ЕПП на Малта, на која ги нема лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и премиерот Емил Димитриев.

СДСМ и Сорос во континуитет се обидуваат да прикажат дека Македонија е во меѓународна изолација, а поданикот Гериз е најгласен во пренесувањето на лагите, чијашто цел е да се оцрнат партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзиниот лидер и претседателот на државата Ѓорге Иванов. Исто така, со лажни докази Гериз и неговите газди сакаат да прикажат дека Груевски нема меѓународна поддршка, додека зад нив стојат цела армија меѓународни хучкачи и силни амбасадори кои ќе им помогнат да се доберат до власта.

geroski-selfie

Но, ваквиот однос на измеќарот Гериз кон вистината не треба да зачудува ако се има предвид дека човек со заробен ум не знае што е слобода и не е навикнат на вистината да ѝ погледне во очи. За жал, Гериз не знае да ја практикува слободата на изразувањето ниту кога ја има – прво затоа што е заробен во канџите на Сорос, а второ затоа што тој одамна не е новинар, па новинарската слобода нема значење за него. Тој секогаш мора да погледне нагоре или надолу, да го најде газдата Фрчкоски и понизно да го праша што треба да излезе од неговото платеничко перо.

Како меур од сапуница се распрска илузијата дека Груевски е во меѓународна изолација зашто фактите зборуваат, а фотографиите покажуваат дека за два дена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со врвот на ЕУ и оствари толку средби со повеќе премиери на држави колку што неговите газди не оствариле од постоењето на самостојна Македонија.

Што се обидува да прикаже Гериз?

Со сензационален наслов „Тешко понижување, ни Грујо ни Емил на групната фотка од самитот во Малта (ФОТО)“ и со фотографија снимена навистина на затворањето на самитот, но неофицијална, направена некаде во кулоарите, Гериз се обидува да прикаже дека Груевски и Димитриев небаре стоеле зад врата на самитот, никој не ги играл и не ги викнале да се фотографираат. Официјалните фотографии што пристигнуваа од самитот на Малта како да не постојат.

pljus-1

Во злобата и брзањето измеќарот Гериз и газдите не забележале дека на фотографијата ги нема ниту премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, генералниот секретар на ЕПП Истурих, премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, австрискиот МНР Себастијан Курц и многу други. Или кој знае, можеби и Унгарија, Австрија Шпанија – и тие се во истата „меѓународна изолација“ како и Македонија?

Официјалната групна фотографија е направена веднаш по завршувањето на Конгресот и на неа се и лидерот на партијата Никола Груевски, кој стои веднаш до претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Фотографирани се и Жозеф Дол, Доналд Туск, Ангела Меркел и сите останати европски лидери од Европската народна партија.

gruevski-2

Обидот на Гериз и газдите е тажен и очајнички затоа што не се работи за неформален настан на локално ниво, организиран од месна заедница, туку за сериознен европски самит, во организација на Европската народна партија, на кој присуствува европското раководство. Далеку од разумот е да се очекува од Малта да пристигнат лажни фотографии и лажни соопштенија. На официјалните соопштенија и фотографии од Малта, за жал на Соросовата банда, присутни се и Груевски и Димитриев. Сакале тие или не, а очигледно е дека не сакаат, Македонија не е во меѓународна изолација.

Македонија не е во меѓународна изолација 

Груевски за два дена оствари средби со врвот на европскиот политички естаблишмент. Тој се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Европската народна партија Жозеф Дол, претседателот на Совет на Европа Доналд Туск, претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, Словенецот Јанез Јанша, со Христијан Шмид – германски федерален министер, со европратениците Алојз Петерле и Ебер Брок, со домаќинот на ЕПП и претседател на националната партија на Малта Симоне Бусутил, со Силвио Берлускони и други.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top