СДСМ треба да внимава да не останат осудени од народот како предавници на својот народ, ѝ реплицираше Даниела Рангелова на Радмила Шекеринска на денешната седница на Собранието на Република Македонија додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не се плаши од заплашувањата на опозицијата.
– Госпоѓо Шекеринска, треба да сфатите дека единственото нешто што се случува во моментов е тоа што се испишува историја. И дека утре нема да се срамите со сите овие постапки, а и ние што ги правиме. И друго по ходниците не разговараат нашите колеги затоа што се срамат од своите постапки, по ходниците вие нас ни се заканувате дека ќе сте ни објавеле приватни разговори, дека сте имале разговори за нас, јас ве повикувам уште денес да ги објавите нашите телефонски разговори и да кажете каде се приватните телефонски разговори, кај вашиот лидер или во СЈО? Едно да знаете госпоѓо Шекеринска, ниту се плашиме од објавување приватни разговори, ниту се плашиме од затвор, јас само од едно нешто се плашам, да не ме осуди мојата нација да не бидам предавничка на нашата држава, од тоа плашете се и вие – рече Рангелова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Софија Куновска: Само Кили ја има точната реплика за Рада во овој момент
-
Шекеринска и денес се гости во елитен ресторан на државна сметка (ФОТО)
-
Шекеринска повторно фатена во лага, Законот за референдум го измени владата на СДСМ во 2005 година
-
Шекеринска доделила 650.000 на невладините на министрите Шапуриќ и Ахмедовски