Борис Дамовски, еден од главните организатори на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ на граѓаните им порача дека ги чека борба и дека само вака сплотени и здружени таа борба може да се добие.
-Овие внатре, 120 ние ги пративме, ние ќе ги извадиме, тие внатре 32-ри ден, 132-от во слобода ќе биде, оваа тиранија, оваа лага веќе не живее тука, еве не, како и секој ден, знаеме што правиме, знаеме што бараме. Сплотете се бидете едно, наравете го најголемото оро, оро на слободата, почувствувајте го тој до себе, не чека борба, само вака сплотени и здружени ќе победиме – порача Дамовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.