Роден на: 12.6.1969 година во Скопје
Потекло: Егеец
Интересно, во тригодишната криза во Македонија предизвикана од најголемата албанска партија во Македонија – СДСМ, најголем камен на сопнување, проблем, непремостлива пречка, и уште што не, станаа Егејците, потомците на најголемите синови на Македонија, потомците на децата-бегалци. Прво, од некоја причина, го боцнаа во окото Трифун Костовски, а подоцна на нив се сети и Шилегов.
Петре Шилегов стана редовен во оваа рубрика, а како тргнало, и ќе ја преименуваме рубриката. По него ќе ја крстиме, секако.
„Требаше да се начука за да се сети дека е Егеец“, напиша „озлогласениот Егеец“ Борис Дамовски на „Фејсбук“ по испадот на Шилегов во Собранието. Петре не избира ни место ни време за да направи трагично шоу. Таквите како него сметаат дека пратеничкото столче носи само привилегии, не и должности. Уличарските манири ѝ прилегаат на улицата, но не му прилегаат на Собранието. Но, кој да му каже на Петре?
Запотен, закрвен во очите, ако им веруваме на камерите кои ја пренесуваат собраниската седница, Петре се најде погоден од обраќањето на Илија Димовски.
Во обраќањето од говорницата Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ потсети на навредите кон Македонците од егејскиот дел на Македонија во контекст на актуелните протести против тиранската платформа, како и за страдањата на овие Македонци, Шилегов од место прво го истакна своето егејско потекло, за набрзо потоа да излезе од контрола.
„А бе он ќе ми вреѓа дедо бе, ќе го уб…!“, но собраниските служби го симнаа тонот од микрофонот токму во моментот кога Шилегов се заканува.
Следеше опомена од Вељаноски.
– Колеги немојте со такви зборови! Ако треба да дадам пауза да се смирите, во ред.
Многу скоро потоа, пратениците заминаа на пауза.
Оваа срамна едночинка е една од опусот на главниот актер. Мора да му се признае, делото му е големо, зад себе има оставено многу срамни улоги, навреди, понижувања, лажни обвинувања, закани, уцени и притисоци.
Ете, во контекст на граѓанските собири, организирани од „озлогласени Егејци“ во почетокот на месецов, потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, во „Топ тема“ на „Телма“ ги навреди граѓаните на Република Македонија што протестираат низ градовите во Македонија, нарекувајќи ги „фашистички орди“.
Според Шилегов, медиумите праќаат отворени повици за фашистички орди да излезеле на улица.
– Во Македонија во моментов ни се случува фашизам – рече Шилегов.
И во оваа фашистичка иреалност, која се случува во главата на Петре и другарите, мора да му се признае – добро плива во сопствените филмови. За човек кој се доживува како жртва на фашизмот, убаво успеал – три стана, „леон“ за синот… машала, Петре, машала, сигурно ти најгласно навиваш за фашизам.
Текстот е објавен во рубриката „Личност на неделата“ во 239 број на неделникот „Република“, 24 март 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Шилегов: Гасоводот е несакана бременост во поодмината фаза
-
Невиден пресврт: Дедото на Јелена Ѓоковиќ го грабнале соседи?