| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Ивановиќ ги шокира Германците: Еве што кажа за промена на презимето и децата

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ привлекува големо внимание во Германија, родната земја на нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер. Германскиот весник „Гала“ направи опширно интервју со убавата Србинка, во кое отворено зборуваше за сите детали од зедничкиот живот со фудбалерот.

Таа најви две големи промени во заедничкиот живот и откри дека и двајцата сакаат наскоро да имаат деца.

476520-ana-ivanovikj-gi-shokirashe-germancite-eve-shto-kazha-za-promena-na-prezimeto-i-decata

-Возбудена сум заради доаѓањето во Чикаго, ова ќе биде нашиот прв вистински дом. Често патував заради тенисот и сега сакам малку да се приберам. Не ми е важно каде живеам, туку само да бидам опкружена со луѓето што ги сакам. Мојата кариера беше долга и напорна, сега имам малку време за себе, за приватниот живот и нормално е дека сакам да имам деца – изјави Ана.

Ивановиќ, која е во брак со Бастијан девет месеци, најви уште една голема промена во животот

– Официјално сѐ уште сум Ивановиќ, но наскор тоа ќе се промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top