| четврток, 6 декември 2018 |

Седумката вредна скоро 10 милиони денари во рацете на пензионер од Тетово

lotarija-logo--srekno mesto-jpg22 –то коло на НовоЛото 7/34 , чие извлекување  се одржа на 18.03.2017 година на ТВ Сител, го донесе и петнаесетиот добитник на главната премија од постоењето на НовоЛото 7/34.

Добитникот , ги посети просториите на Државна лотарија , и ни ја раскажа својата среќна приказна. Пензионерот од Тетово е веќе 30 години верен играч на игрите на среќа , а во НовоЛото 7/34, секое коло ги игра истите броеви .

22-рото коло во 2017 година е негово среќно, па му донесе без малку 10 000 000 денари.

Седумката вредна 9.999.040 денари е уплатена во Тетово во продажното место МА-ДЕ-БЕ ДООЕЛ . Среќниот добитник уплатил 8 комбинации на НовоЛото 7/34 или 160 денари. Уплатата е извршена во истиот ден на извлекувањето , а добитна е седмата комбинација од уплатените.

Инаку, оваа седумка е прва во оваа 2017 година , а Фондот за седумка е повторно 6.000.000 денари, сумата која ја гарантира Државна лотарија на Македонија . Не заборавајте да ја играте и дополнителната игра Џокер каде премијата е над  600.000 денари .

7-LOTO

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top