| четврток, 6 декември 2018 |

Дуо Скупи со „Македонски звуци“ побуди интересирање кај публиката во Софија

Во Културно-информативниот Центар на Република Македонија, синоќа познатите музички уметници, Јета Старова-Мехмети и Ермал Мехмети, попознати како Дуо Скупи, одржаа концерт со наслов “Македонски звуци”.
Во пригодни аранжмани за флејта и виолина, пред бројната публика во Софија, тие ги исполнија познатите македонски народни песни и ора, “Со маки сум се родила”, “Пајдушко оро”, “Се посврши Сербез Донка”, “Не си го продавај Кољо чифликот”, “Калајџиското оро”, “Дафино вино црвено”, “Јано мори” и “Море Дончо мераклија”.
Suo Skupi xxxx
Овој музички материјал е своевидна промоција на нивниот компакт диск “Mak Sounds”, кој побуди исклучителен интерес кај публиката во Софија. Ова беше трет солистички настап на Дуо Скупи во Р. Бугарија, претходните години тие имаат настапувано со целовечерни концерти во Перник, Ќустендил и Софија.
Дуо Скупи пред публиката во КИЦ на Р. Македонија во Софија ги претстави директорот на Центарот, Васко Шутаров а овој музички концерт е дел од годишната “Програма 2017” финансиски помогнат од Министерството за култура.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top