Тиранската платформа е неуставна. И доколку таа неуставна тиранска платформа се реализира, Зоран Заев го прави првиот чекор кон федерализација на Република Македонија – вели Елизабета Канческа-Милевска, член на извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на РМ во гостувањето во Отвореното студио на ТВ Нова.
Според Канческа-Милевска, Заев е заложник на таа платформа и со тоа што тој е заложник на платформата, целата држава ја втурнува во тоа заложништво.
– Самата платформа говори за целосна двојазичност во нашата држава и пред сѐ промена на името по грчки терк. А кога се менува името, станува збор и за менување на идентитетот – рече Канческа-Милевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


