| четврток, 6 декември 2018 |

Туск се огласи за Брегзит: Веќе ни недoстигате. Ви благодариме и довидување!

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска изјави дека Европската унија не е среќна поради излегувањето на Велика Британија.

-Веќе ни недoстигате. Ви благодариме и довидување, рече поранешниот полски премиер откако официјално го прими известувањето за почетокот на Брегзит.

Тој посочи дека нема причина за глумење среќа. ­

-После се, поголемиот број Европејци, вклучително и речиси половината британски гласачи, сакаа да останеме заедно. Лично нема да глумам дека денеска сум среќен, истакна Туск во одговорот на писмото на Велика Британија со која официјално го покрена процесот за излез од ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top