| четврток, 6 декември 2018 |

Стив Кер влезе во историјата, стана тренер кој најбрзо стигнал до 200 победи

stiv ker

Со победата над Хјустон Рокетс, тренерот на Голден Стејт, Стив Кер го запиша своето име меѓу легендите на тренерите во четирите најпопуларни спорта во САД.

Тој стигна најбрзо до бројката од 200 победи, оставајќи зад себе имиња како Грег Попович, Фил Џексон и Пет Рајли. Вориорси се доминантната франшиза во последните неколку сезони во НБА, а минатата сезона запишаа рекордни 73 победи и само 9 порази.

Минатата година загубија во финалето против Леброн Џејмс и Кливленд, но оваа година го доведоа Кевин Дурант, со што најавија кандидатура за нов шампионски прстен.

stiv ker 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top