| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Петровска-Шешова: Скапите кремови не се секогаш најдобар избор за кожата

Не­ко­гаш пра­ви­лен из­бор и пре­по­ра­ча­на коз­ме­ти­ка од дер­ма­то­лог, дер­ма­то­ло­шка ме­ди­цин­ска коз­ме­ти­ка, мо­же мно­гу по­ве­ќе да по­мог­не за раз­ли­ка од ска­па коз­ме­ти­ка. Но, важ­на е про­це­на­та на ко­жа­та, од­нос­но за ка­ков тип ко­жа се ра­бо­ти и из­бо­рот да е ин­ди­ви­ду­а­лен, ве­ли д-р Пе­тров­ска-Ше­шо­ва

Ко­жа­та е нај­го­ле­ми­от ор­ган во чо­веч­ко­то те­ло, кој најм­но­гу ре­а­ги­ра на вре­мен­ски­те про­ме­ни. Во зи­ма, нај­че­сто ко­жа­та е де­хи­дри­ра­на, со на­ма­ле­на ела­стич­ност, без­жи­вот­на и умор­на.

Спо­ред д-р Искра Пе­тров­ска-Ше­шо­ва, спе­ци­ја­лист дер­ма­то­лог, тре­ба да се вни­ма­ва на се­кој дел од те­ло­то, но осо­бе­но е важ­но да се вни­ма­ва на оној дел од те­ло­то за­тоа што е по­ве­ќе из­ло­жен на над­во­реш­ни вли­ја­ни­ја и на тем­пе­ра­тур­ни раз­ли­ки, ка­ко што се ли­це­то, вра­тот, де­кол­те­то и ра­це­те. Тие се и пр­ви­от наш вид­лив дел од те­ло­то кој е из­ло­жен на ди­ре­ктен кон­такт со над­во­реш­на­та сре­ди­на – ве­ли д-р Пе­тров­ска–Ше­шо­ва во ин­терв­ју за „Ре­пуб­ли­ка“.

Зи­ма­та е при крај, до­а­ѓа про­лет­та. Ка­кви про­ме­ни мо­же да оче­ку­ва­ме на ко­жа­та во овој пер­и­од од го­ди­на­та?

ПЕТ­РОВ­СКА-ШЕ­ШО­ВА: Про­лет е пре­кра­сен пер­и­од на бу­де­ње на при­ро­да­та, по­ја­ва на пр­ви­те и по­дол­ги сон­че­ви де­но­ви, кои од сво­ја стра­на оста­ва­ат по­се­бен бе­лег и ре­ак­ци­ја на на­ше­то те­ло, а по­себ­но на ко­жа­та ка­ко нај­го­лем ор­ган на чо­веч­ко­то те­ло кој најм­но­гу ре­а­ги­ра на вре­мен­ски­те про­ме­ни.Во овој пер­и­од од го­ди­на­та ко­жа­та е де­хи­дри­ра­на, со на­ма­ле­на ела­стич­ност, без­жи­вот­на и уморна. Иде­а­лен пер­и­од е да се на­пра­ви трет­ман за чи­сте­ње на ли­це­то кој ќе дејс­тву­ва ре­ге­не­ра­тив­но, ќе ја ис­чи­сти ко­жа­та од сло­бод­ни ра­ди­ка­ли, ќе ги от­стра­нат по­вр­шин­ски­те мр­тви кле­тки од ко­жа­та, ќе го по­до­бри то­ну­сот и ела­стич­но­ста на ко­жа­та. Тоа се трет­ма­ни­те со ми­кро­дер­мо­а­бра­зи­ја, хе­ми­ски­от пи­линг, ме­зо­те­ра­пи­ја­та и дру­го. До­де­ка во зим­ски­от пер­и­од по­ве­ќе бев­ме скон­цен­три­ра­ни на кре­мо­ви кои се по­ко­ег­зи­стент­ни, по­гу­сти и по­кон­цен­три­ра­ни, се­га тре­ба да поч­не­ме да ко­ри­сти­ме хи­дрант­ни кре­мо­ви кои ќе ѝ ја вра­тат влаж­но­ста и све­жи­на­та на ко­жа­та.

unnamed (1)

Во овој пер­и­од од го­ди­на­та ко­жа­та е де­хи­дри­ра­на, со на­ма­ле­на ела­стич­ност, без­жи­вот­на и уморна, вели д-р Петровска-Шешова

На кој дел од те­ло­то тре­ба да вни­ма­ва­ме осо­бе­но? Да­ли е тоа ли­це­то?

ПЕТ­РОВ­СКА-ШЕ­ШО­ВА: Тре­ба да се вни­ма­ва на се­кој дел од те­ло­то, но осо­бе­но е важ­но да се вни­ма­ва на оној дел од те­ло­то што е по­ве­ќе из­ло­жен на над­во­реш­ни вли­ја­ни­ја и на тем­пе­ра­тур­ни раз­ли­ки, ка­ко што се ли­це­то, вра­тот, де­кол­те­то и ра­це­те. Се­пак, тие се пр­ви­от наш вид­лив дел од те­ло­то што е из­ло­жен на ди­ре­ктен кон­такт со над­во­реш­на­та сре­ди­на.

Ка­ко мо­же­ме да пре­поз­на­е­ме да­ли ко­жа­та, по­себ­но на ли­це­то, е де­хи­дри­ра­на?

ПЕТ­РОВ­СКА ШЕ­ШО­ВА: Де­хи­дри­ра­на­та ко­жа лес­но мо­же­ме да ја пре­поз­на­е­ме. Таа на прв пог­лед изг­ле­да без­жи­вот­но, не е ела­стич­на, не е за­тег­на­та и не е ме­ка. На до­пир е су­ва, ра­па­ва, мо­же да се лу­пи и е цр­ве­на. Де­хи­дри­ра­но­то ли­це има не­при­јат­но чув­ство­то на за­тег­на­тост и на гру­бост.

Мож­но ли е да се спре­чи пре­ра­но соз­да­ва­ње брч­ки на ли­це­то?

ПЕТ­РОВ­СКА-ШЕ­ШО­ВА: Пре­ра­но­то соз­да­ва­ње брч­ки мо­же да се спре­чи ако на­вре­ме­но се поч­не со со­од­вет­на не­га и коз­ме­ти­ка пре­по­ра­ча­на од дер­ма­то­лог. По­тоа да се вклу­чат не­ин­ва­зив­ни трет­ма­ни за подм­ла­ду­ва­ње (бо­токс, фи­ле­ри, ме­зо­те­ра­пи­ја, хе­ми­ски пи­линг) со цел да се пре­ве­ни­ра и што по­дол­го да се за­чу­ва мла­де­шки­от изг­лед.

unnamed

Не­ко­гаш пра­ви­лен из­бор и пре­по­ра­ча­на коз­ме­ти­ка од дер­ма­то­лог, дер­ма­то­ло­шка ме­ди­цин­ска коз­ме­ти­ка, мо­же мно­гу по­ве­ќе да по­мог­не за раз­ли­ка од брен­ди­ра­на и ска­па коз­ме­ти­ка

На што тре­ба да вни­ма­ва­ме, осо­бе­но во ис­хра­на­та, за да има­ме уба­ва и здра­ва ко­жа?

ПЕТ­РОВ­СКА-ШЕ­ШО­ВА: Од осо­бе­на важ­ност е да се вни­ма­ва и на ис­хра­на­та, ко­ја на­ви­сти­на по­вол­но вли­јае врз со­стој­ба­та на ли­це­то и на ко­жа­та на це­ло­то те­ло. Ко­жа­та е ог­ле­да­ло на тоа што ни се слу­чу­ва во на­ши­от ор­га­ни­зам. Со ог­лед на тоа де­ка на­про­лет ис­хра­на­та мо­же да изо­би­лу­ва со мно­гу овош­је и зе­лен­чук, тоа по­вол­но вли­јае на ква­ли­те­тот и на со­стој­ба­та на на­ша­та ко­жа.

Да­ли ска­пи­те кре­мо­ви за ли­це се га­ран­ци­ја де­ка ќе има­ме уба­ва ко­жа?

ПЕТ­РОВ­СКА-ШЕ­ШО­ВА: Не мо­ра се­ко­гаш да зна­чи де­ка ска­пи­те кре­мо­ви се до­бар из­бор за на­ша­та ко­жа. Не­ко­гаш пра­ви­лен из­бор и пре­по­ра­ча­на коз­ме­ти­ка од дер­ма­то­лог, дер­ма­то­ло­шка ме­ди­цин­ска коз­ме­ти­ка, мо­же мно­гу по­ве­ќе да по­мог­не за раз­ли­ка од брен­ди­ра­на и ска­па коз­ме­ти­ка. Но, важ­на е про­це­на­та на ко­жа­та, од­нос­но за ка­ков тип ко­жа се ра­бо­ти и из­бо­рот да е ин­ди­ви­ду­а­лен.

Што е нај­важ­но во не­га­та на ко­жа­та на ли­це­то по три­е­сет­та­та го­ди­на?

ПЕТ­РОВ­СКА-ШЕ­ШО­ВА: Важ­но е се­ко­ја де­вој­ка и же­на уште од нај­ма­ла во­зраст да би­де еду­ци­ра­на за тоа кол­ку е важ­на не­га­та на ко­жа­та. Со не­га­та на ко­жа­та тре­ба да се поч­не од нај­ра­на во­зраст и до­кол­ку пре­ми­не во на­ви­ка и кул­ту­ра, таа не­га са­мо мо­же да про­дол­жи и да се на­до­гра­ду­ва. Ка­ко ре­зул­тат на тоа, бе­не­фи­тот на­та­му ќе би­де уште по­го­лем. Кол­ку е важ­но на­вре­ме­но­то не­гу­ва­ње на ко­жа­та тре­ба да се на­у­чи уште од ти­неј­џер­ска во­зраст бе­не­фи­тот на­та­му е не­из­бе­жен. На при­мер: ми­кро­дер­мо­а­бра­зи­ја, ле­сен хе­ми­ски пи­линг и чи­сте­ње на ли­це­то и ре­дов­на хи­дра­та­ци­ја е пра­ви­лен из­бор за мла­да ко­жа. Не­кол­ку со­ве­ти за не­га на ко­жа­та на же­ни по­ста­ри од 30 го­ди­ни: до­бар сон, уме­ре­на фи­зич­ка актив­ност, пра­вил­на и здра­ва ис­хра­на, ко­ри­сте­ње со­од­вет­на коз­ме­ти­ка пре­по­ра­ча­на од дер­ма­то­лог, ре­дов­ни трет­ма­ни за подм­ла­ду­ва­ње, ко­ри­сте­ње кре­мо­ви со за­шти­тен фа­ктор при из­ло­жу­ва­ње на сон­це, кон­су­ми­ра­ње два ли­тра во­да днев­но и чи­сте­ње на ко­жа­та пред лег­ну­ва­ње.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Де­јан Стан­чев­ски

(интервјуто е објавено во 238. број на неделникот Република кој излезе во печат на 24.3.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top