| четврток, 6 декември 2018 |

„Билазора“ – нов меѓународен театарски фестивал во Свети Николе

По повод Светскиот ден на театарот 27 Март, во Свети Николе ќе почне нов меѓународен театарски фестивал „Билазора“.  Иницијатор и организатор на фестивалот е Институтот за култура и уметност при Меѓународниот Славјански универзитет „Гаврило Романович-Державин“ од Свети Николе.

– Фестивалот е замислен и ќе се реализира како театар во куфер, односно мобилен театар, а ќе почне на 28 март и ќе трае до 5 април оваа година. Фестивалот ќе го носи името „Билазора“ според истоимениот археолошки локалитет во Овче Поле, во непосредна близина на Свети Николе, соопшти организаторот. Директор на фестивалот е Христо Петрески, а селектор е Трајче Кацаров.

На првото издание на фестивалот ќе настапат: Народниот театар од Врање со претставата „Женски разговори“ од Душко Радовиќ, Народниот театар од Штип со „Љубовен маратон“ од Нил Сајмон, Народниот театар од Охрид со претставата „Дениција“ од Петре М. Андреевски, како и студентите од класата на актерот и професор Мето Јовановски при Универзитотот ЕФТА од Скопје. Претставите ќе се изведуваат во Свети Николе и Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top