Минатата недела со проекција на швајцарскиот филм „Земја на чудата“ на 22 и 23 март во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино почна четвртото издание на фестивалот на европски филмови „Фестивал на тркала“. Филмовите продолжуваат да се тркалаат и оваа недела, со тоа што сите љубители на филмската уметност во Неготино ќе имаат можност да уживаат во квалитетни филмски остварувања во различни продукции на Швајцарија, Германија, Холандија и Франција.
Во рамките на четвртиот „Фестивал на тркала“, вечерва и утревечер со почеток од 19.30 часот, во Центарот за култура во Неготино ќе се прикажува германскиот филм „Џонатан“ во режија на Пиотр Ј. Левандовски. На 29 и 30 март љубителите на филмот ќе имаат можност да уживаат во швајцарскиот филм „Куче“ во режија на Есен Исик.
Фестивалот во Неготино ќе трае се` до 29 април од каде што ќе продолжи и во други градови низ републиката.
Фестивалот е во организација на „Катавеј“ од Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.