| четврток, 6 декември 2018 |

Запознајте го највисокото семејство на светот: Сите заедно се повисоки од 10 метри

Семејството Ван Клиф – Болтон од Ексел, Англија е највисокото семејство во светот. Ова седумчлено семејство заедно е повисоко од 10 метри.

Најмалите членови на семејството се 17-месечните близнаци Габриел и Езра.

Тие се родени 4 недели пред терминот, но родителите тврдат дека ако се цени според облеката што ја купуваат за овие бебиња, тие се на пат да станат највисоките близнаци во светот.

Најстариот брат има само 10 години а е висок еден метар и 65 сантиметри и е највисокото дете во одделението. Таткото е висок 2,13 м, a мајката 1,95 м.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top