Легендарниот фудбалер на Рома, Франческо Тоти вели дека ја донел одлуката околу својата фудбалска иднина и ќе ја соопшти по крајот на оваа сезона. Тој открива деја има три опции – или да ја продолжи играчката кариера, или да стане директор или да се занимава со сосема друга работа.
– Подолг период размислував за мојата иднина, донесов одлука, но ќе ја соопштам или во мај или во јуни. Сигурно нема да бидам тренер – во игра се три опции, да продолжам да играм фудбал, да бидам директор или да ја завршам кариерата и да се занимавам со нешто сосема друго – вели Тоти.
40-годишниот Тоти уште од далечната 1989 година е дел од Рома и зад неговото име има два клупски рекорди – по бројот на натпревари 778, и најмногу голови 307.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.