| четврток, 6 декември 2018 |

Лажни цртани со Пепа Прасе ги вознемируваат децата

Илјадници видеа на „Јутјуб“ изгледаат како верзија на популарните цртани филмови, но содржат вознемирувачки и непристојни содржини кои не се прикладни за деца.

Ако не обрнувате доволно внимание, овие видеа може да ви изгледаат како некоја верзија на „Пепа Прасе“. Но, набрзо по вклучувањето на одреден клип, екранот поцрнува, а потоа на него се појавува стоматолог со огромен шприц и ѝ ги вади забите на Пепа. Видето е пропратено со тажна музика.

Новинарката Лора Џун видела дека нејзината тригодишна ќерка гледа такво видео и веднаш забележала дека нешто не е во ред.

– Пепа многу вреска и плаче, а стоматологот е малку садист, така што тоа е видео што тригодишни деца не треба да го гледаат. Оваа анимација изгледа скоро исто како Пепа Прасе, така што мојата ќерка веруваше дека станува збор за омилениот цртан филм – вели Џун за „Би-Би-Си“.

Освен со Пепа Прасе, има слични снимки со ликови од цртаните филмови „Снежно кралство“, „Трактор Том“, „Штрумфови“…

Некои од нив личат на пародии, но јасно се означени како содржина за возрасна публика.

Други претставуваат неовластени копии на автентични цртани или ги користат тие ликови на поблаг начин, што е дополнителен проблем за правниците околу кршење на авторските права.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top