| четврток, 6 декември 2018 |

Сок од круша и ѓумбир треба да го пиете секој ден

krusha i gjumbir

Досега веќе сме пишувале за многуте придобивки за здравјето кои ни ги нуди ѓумбирот, но дали знаете како делува врз телото кога ќе се испие во вид на сок во комбинација со круша и краставица?

Само еден ваков сок дневно ќе донесе многу благодети за вашето тело:

» Ги елиминира гадењето и повраќањето
» Го зајакнува имунитетот
» Ја ублажува кашлицата
» Го чисти телото од токсини
» Го подобрува варењето на храната
» Го забрзува слабеењето
» Го подобрува кардиоваскуларното здравје

Дали ви е потребна уште некоја причина за веднаш да го подготвите овој еликсир на здравјето?

Потребни состојки: 3 круши, 2 парчиња ѓумбир, една четвртина краставица.

Подготовка: Сите состојки измешајте ги во блендер, додадете малку вода по потреба и веднаш испијте го сокот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top