„Влада која ќе ја спроведува Тиранската платформа направена и оформена во друга држава, не може да биде реформска, туку е антидржавна. Влада која ќе работи по програма која не ја одобриле граѓаните на избори, е влада без легитимитет од граѓаните“, напиша денеска на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, а членот на ИК на партијата Илија Димовски вечерва во ТВ-интервју на Сител потврди дека партијата нема да отсптапи од овој став.
-Целото сценарио кое го гледаме овие три години од ден на ден на се повеќе граѓани им станува јасно, им станува јасно на најтврдите поддржувачи на СДСМ. Не се работи за тоа дали Заев ќе стане премиер или не, тој е попатен чекор, човекот е лоциран дека е компатибилен, дека одговара на очекувањата на некој друг и дека е спремен да направи се во државата за да дојде на влст. Тој е спремен да на држи две и пол години во хаос државата, со протести, со кршење институции, со удар врз македонската економија, се со цел да си ја оствари својата цел. Сега доаѓа времето на фактурите. Сега тој ќе треба да ги врати фактурите кон сите тие кои му помагале. Тие фактури ќе значат внатрешно редефинирање на државата, но тоа ќе имплицира и редефинирање за впечатокот за Република Македонија.
Конечно, вели Димовски, ние сме убедени дека крајната цел на сетоа ова е ослабување на Репуплика Македонија, ослабување на нејзините институции, ослабување на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија којашто има капацитет, сила и волја да се спрптивстави на штетни решенија за РМ, загрпзување на слободата на изразување на медиумите кои не се согласуваат со ставовите на Зоран Заев и сето тоа треба на крајот да заврши со профаќање на грчките позиции за нашето име и за нашиот идентитет.
-Ова го потврди и пратеник од ДУИ, кој рече дека ова мнозинство е добар начин конечно да се прифатат грчките позиции за решавање на името и идентитетот на Македонија и Македонците.
Димовски потенцира дека не станува збор за компромис, за изнаоѓање решение, туку за слепо прифаќање на грчките услови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вице-евро-рекордери во полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!
-
Димовски му порача на Груби: Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК!
-
Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК
-
Димовски: Жално е ова што се случува, од вечерва почнува крајот на погубните политики на Заев и неговата власт