| четврток, 6 декември 2018 |

„Брајтбарт“: Инспирацијата за борбата против Сорос доаѓа од новинската куќа на Стиб Банон, најблискиот советник на Трамп

Угледната американска новинска агенција „Брајтбарт“ чиј поранешен претседател беше Стив Банон кој сега е на функцијата Постар советник во Белата Куќа на претседателот Доналд Трамп, објави анализа за борбата на државите од Источна Европа против унгарско-американскиот милијардер, Џорџ Сорос.

барјт

Лидерите од Источна Европа црпат инспирација од конзервативните американски медиуми, особено „Брајтбарт“ за борба против групи финансирани од милијардерот Џорџ Сорос, кој наводно, се обидува да се меша во внатрешната политика, објави „Брајтбарт“, цитирајќи го Ројтерс.

-Со претседателот Доналд Трамп во Белата Куќам, анти-Сорос активистите во Источна Европа велат дека инспирирани од САД, особено од конзервативните американски медиуми како „Брајтбарт“, кој долго време го оцрнува Сорос како либерална омразена фигура, пишува порталот.

Во текстот се посочува дека поранешниот Претседател на „Брајтбарт“, Стив Бенон сега е на функцијата Постар советник во Белата Куќа на Трамп.

-Нашата инспирација доаѓа од САД, од американските конзервативни организации, медиуми и конгресмени со исти ставови, особено во новата администрација на претседателот Трамп”, изјави Цветин Чилиманов, новинар во Македонската Информативна Агенција, кој исто така е ко-основач на групата Стоп Операција Сорос, се вели во анализата на „Брајтбарт“.

Ројтерс ги цитираше анти-Сорос активистите во Македонија, Романија и Унгарија, обвинувајќи го Сорос за користење на Фондацијата „Отворено општество“  во создавање огромна мрежа на групи на кои им помага во исполнувањето на глобалистичка агенда.

Во текстот се наведуваат и последните случувања во Унгарија, земјата која загуби судски во меѓународниот суд во Стразбур, поради притворање и протерување на двајца мигранти од Бангладеш. Унгарскиот Премиер, Виктор Орбан ги обвини Невладините организации финансирани од Сорос заради загубата на Унгарија.

Во Унгарија во сила треба да стапи Законот со кој се предвидува сите Невладини организации кои добиле пари од странство да соработуваат со Државата и јавно да објават колку пари добиле од странство, пишува „Брајтбарт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top