Поспаност, замор, несоница, главоболка, напнатост, депресија, вознемиреност. Ова се симптомите на кои треба да внимавате веќе од деенска, односно по поместувањето на стрелките на часовникот за еден час понапред во текот на изминава ноќ. Лекарите се согласни дека одредени здравствени потешкотии можат да се почувствуваат наредните неколку дена и дека поизложени на поголеми здравствени проблеми се хронично болните лица.
Стрелките на часовникот намерно се поместуваат во сабота спроти недела за да се неутрализира намалувањето на работната способност кај луѓето и тие полесно да се подготват за почетокот на работната недела. Дополнително најавите на УХМР за постудено време деновиве во комбинација со летното сметање на времето можат да предизвикаат метеопатија.
Неколку истражувања покажале дека промената кон летно сметање на времето за разлика од зимското предизвикува поголеми здравствени компликации. Забележано е дека се случувале за 17% повеќе срцеви удари, а зголемен е бројот и на сообраќајни несреќи. Студијата на американскиот весник за кардиологија покажала вели дека недостатокот од сон може да го смени нивото на хормони и да го подигне крвниот притисок. Студентите, кои пак, учествувале во студијата, имале катастрофални резултати на испитите, а луѓето биле помалку продуктивни на работните места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.