| четврток, 6 декември 2018 |

Подгответе се за летното сметање на времето – часовникот мрднете го 1 час напред

Во последниот викенд во март 2018-та година, ноќта во 2 часот меѓу 24 и 25-ти март почнува летното сметање на времето.

Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот , ќе се смета како да е 3 часот. До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањетп на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес практика во 70 земји од Светот.

Европските земји веќе се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top