Жаклина, 47-годишната Србинка, која моментално живее во Италија, стана огромен хит на Инстаграм благодарение на фактот дека таа изгледа како дупло помлада девојка, но најверојатно и поради тоа што таа е најсекси бабата на оваа социјална мрежа.
Секси бабата на Инстаграм ја следат 160.000 луѓе, а секоја нејзина нова објава предизвикува воодушевување кај нејзините фанови бидејќи нејзиниот моден вкус е навистина исклучителен.
Жаклина е модна блогерка, а за својот стил вели дека е мешавина од најдобрите стилови кои ги собрала од Полска, Швајцарија и Франција во периодите кога живеела таму.
Жаклина е баба на две девојчиња, од нејзината 28-годишна ќерка, па од таму и нејзините хаштази #grandmotherwholovesfashion, односно – “баба која е љубител на модата”.
Британскиот Daily Mail пишува дека Жаклина е полна со позитивна енергија која им ја пренесува и на оние кои ја следат на Инстаграм, иако нејзиниот син Стефан починал на Бадник во Београд, таа со целата ситуација се носи многу добро.
-Мојата главна цел е да ги охрабрам жените да ја разбудат својата дива страна- нагласила оваа баба која се чини дека во тоа и успева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Семејната традиција продолжува: Романка стана баба на 23 години, а сега и нејзиниот 8 годишен внук се свршил!
-
Бaба монструм: Ги возела внуците во кафез за кучиња, полицијата бесна од нејзиното објаснување (видео)
-
Баба од пеколот: Го ставила внукот како жив штит, за да не ѝ го урне инспекцијата ѕидот
-
Чудо од баба: Крева тегови подобро од внуците!